Home Наука и техонологија Прво издание на „Плетвар Аутдор Фестивал“ – дружење, забава и едукативен престој во природа на падините под прилепски Козјак

Прво издание на „Плетвар Аутдор Фестивал“ – дружење, забава и едукативен престој во природа на падините под прилепски Козјак

Во околината на Прилеп, на падините на планината Бабуна, под моќниот Козјак, за крај на август се најавува едукативно-забавен настан, тродневниот „Плетвар Аутдор Фестивал“ кој ветува многу позитивна енергија, дружење, едукација, забава и „полнење на батериите“ во природа.

Инспирирани од успешниот Отворен ден на СК Златоврв и ИО Феникс, овој пат со огромна чест и задоволство ви го претставуваме Pletvar Outdoor Festival 2020 кој ќе се одржува од 28 до 30 август 2020 во околината на селото Плетвар!

Целта на настанот е возбудлива авантура за СИТЕ возрасти, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на веќе стекнатите вештини во природа, размена на искуства и стекнување на нови знаења!

Некои од активностите кои ќе имате можност да ги искусите се:
– искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова,
-кратка планинарска тура за почетници,
– велосипедска тура,
– слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите,
– Сини часови јога,
– качување и спуштање со јаже, планинско трчање итн.

Настанот е организиран во согласност со сите препораки и протоколи од влада за заштита од Ковид-19 и поради тоа ве замолуваме да ги почитувате мерките за превентива – држење растојание, носење маски, често миење раце, дезинфекција и сл.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Синот на Џулијан Мур, Калеб Фројндлих, се ожени со својата долгодишна девојка Кибрија Морган!

Џулијан Мур сподели големи вести за нејзиното семејство! Во понеделникот (12 октомври), 65…