Home Актуелно Богатството на Марк Закерберг достигна трицифрена сума во милијарди

Богатството на Марк Закерберг достигна трицифрена сума во милијарди

Проценката на богатството на сновачот на Фејсбук, Марк Закерберг, достигна сума од 100 милијарди долари, откако социјалната мрежа започна со нова услуга на куси видеа, пренесе Би-би-си.

Компанијата пред два дена ја промовираше „Инстаграм Рилс“, конкурентна на контроверзната кинеска апликација „ТикТок“. Акциите на Фејсбук вчера скокнаа над 6 проценти, а уделот на Закерберг е 13 отсто.

Во клубот на супербогаташи со имот над 100 милијарди долари, Закерберг им се приклучи наосновачот на „Амазон“, Џеф Безос и Бил Гејтс на „Мајкрософт“.

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се наоѓаат под лупа заради постојаниот раст на моќта и личното богатство на нивните компании.

Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл се меѓу најголемите победници на карантинот, поради пандемијата на коронавирус, бидејќи сè повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку Интернет.

Богатството на Закерберг се зголеми за повеќе од 22 милијарди долари оваа година, а повеќе од 75 милијарди долари на Безос, според податоците на Блумберг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…