Петочна и викенд временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој прв августовски петок времето во Македонија останува во „есенско расположение“. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места, особено попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има и невреме.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната д 21 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 17 и максимална до 26 степени. Маврово 21, Охрид 23, Битола и Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци 27, Дојран 30.

Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, и грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.