Насер Зибери заразен со коронавирус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери, предложен од ДУИ, е позитивен на Ковид-19, потврдија од ДУИ, а пренесува Фокус.

Од партијата велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на корона вирусот, но не знаат кога и каде се заразил, бидејќи како што велат во кампањата имал контакт со многу луѓе.

Од „Фокус“ се обиделе да стапат во контакт со Зибери, но тој не одговарал на нивните телефонски повици и смс пораки.