Home Вебкафе Вистински херој!

Вистински херој!

Несреќата која се случила на прометен дел од автопат во Кина, според информациите, заврши само со материјална штета, без повредени, благодарение на еден херој кој застана и беспоштедно се впушти во спасување на патниците од превртеното возило.

Според снимките тројца патници, двајца мажи и една жена, избегнаа сигурна смрт благодарејќи на човекот кој застана да помогне на превртеното возило што го затекна на патот во кинескиот град Чунчанг.

Имено, несреќата се случи кога комбето со патниците од неутврдени причини се излизга и заврши во банкината. Од долната страна на возилото, на местото каде што се наоѓа резервоарот, се запали оган, а патниците иако се обидуваа да го напуштат возилото не можеа тоа да го направат поради оштетената врата.Човекот го искши предниот прозор на автомобилот, и патниците излегоа и се спасија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ова е периодот од денот кога сме најтажни – но и најсреќни

Постои ли точно определен момент во денот кога се чувствуваме најрадосни или најподложни н…