Home Актуелно Временска прогноза за првиот јулски ден

Временска прогноза за првиот јулски ден

Денес, први јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени. Маврово 28, Охрид 32, Битола 35, Крива Паланка и Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време. Во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има за време на викендот

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…