Home Актуелно Сончев и топол четврток

Сончев и топол четврток

Денешниот јунски ден во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 22 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 29 степени. Маврово 22, Охрид 26, Битола 28, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 33.

До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите ќе бидат во позначителен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…