Насер Зибери е натпартиски кандидат кој ДУИ го предлага за прв Албанец премиер на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот функционер на ПДП и актуелен нотар, Насер Зибери, е натпартискиот кандидат на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за прв Албанец премиер во македонската Влада. Неговата промоција се случи денеска во Преспа од каде „интегративците“ ја започна кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули.

„По интензивните консултации со граѓанското општество, со академскиот свет, со стручното и креативно мислење, стигнавме до обединувачко и заслужно име на кандидатот за прв Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на конвенцијата.
Кандидатот за премиер Зибери во неговиот говор рече дека е убеден во тоа дека е дојдено времето за целосна еднаквост.

„Бев изненаден од повикот на Али Ахмети со покана за состанок во неговата канцеларија. Тој ме извести дека се консултирал со многу почитувани луѓе, граѓанското општество и академијата и тоа што моето име беше меѓу номинираните како надпартиски кандидат. Искрено, бев изненаден и секако, се чувствував ценето. Да бидам потполно искрен, си помислив дека ова не само што ќе го промени мојот живот, туку претставува и голема одговорност. Не е лесна одлука да се донесе и нема многу време за размислување. Но, челикот се кали во оган и за поединецот се суди според одлуките што ги носи за социјалното добро, затоа реков да“, рече Зибери.

Насер Зибери е роден во 1961 година во село Ласкарци, Општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Во минатото беше висок функционер на ПДП, а во периодот од 1996 година до 1998 година беше министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.. Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката и работи како нотар.