Home Шоубизнис Откако се дружеа со Димитров, а тој испадна позитивен – Ѓоковиќ одби да се тестира за КОВИД-19

Откако се дружеа со Димитров, а тој испадна позитивен – Ѓоковиќ одби да се тестира за КОВИД-19

Светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус во Хрватска. Претходно, Григор Димитров, кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, а се дружеа и приватно, објави дека се заразил со коронавирусот, информираа некои српски медиуми.

Ѓоковиќ не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото се однесува и за другите лица од неговиот тим и околината.

Тренерот на српскиот тенисер, Горан Иванишевиќ, на своја иницијатива, направи анализа пред три дена, а резултатот беше негативен.

Медицинската служба на Задар им овозможи на тенисерите да си заминат без да поминат тестови. Сепак, некои играчи направија тест и ги чекаат резултатите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …