Home Актуелно Боки 13 по изречената пресуда: „Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“

Боки 13 по изречената пресуда: „Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“

Бојан Јовановски – Боки 13, во судницата од Кривичниот суд во Скопје денес смирено ја ислуша судијката Васка Николовска Масевска додека таа ја соопштуваше пресудата за случајот „Рекет“, со која Боки 13 е осуден на 9 години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, на 7 години затвор.

Откако обвинителката Вилма Русковска побара притвор за двајцата осудени, Јовановски побара збор.

-Ова е политичка одлука. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, рече Боки 13, по што судијката нареди да се изнесе од судницата, но кога полицајците го фатија за раце, Јовановски почна да зборува за притворот, па судијката го остави да се доискаже.

-Нама да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено, истакна Јовановски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…