Home Шоубизнис Како превенција од КОВИД-19, во Холивуд забрането снимање сцени со секс и борба, а да има и помалку зборување

Како превенција од КОВИД-19, во Холивуд забрането снимање сцени со секс и борба, а да има и помалку зборување

Најмоќната и најбогата филмска и ТВ продукција, славниот Холивуд во Лос Анџелес, од денес продолжува со работа, откако беше ставена на пауза заради пандемијата со коронавирусот.

Variety објави дека протоколот за рестартирање на снимањето налага сите присутни на сетот да носат заштитни маски за лице, а на снимањето да присуствуваат само најнеопходните членови на екипата.

На територијата на Лос Анџелес, каде спаѓа и Холивуд, забрането е да е снимаат сцени со подолг физички контакт како борби или секс, а глумците биле замолени „да молчат што е можно повеќе за да не се шират капки плунка низ разговор“.

Исто така, треба да се избегнуваат сцени со метеж, а оние кои не можат да носат маска за лице додека трае снимањето мора да држат физичка дистанца од осум метри. Актерите ќе мора сами да се шминкаат и веќе не се дозволени заеднички оброци, односно сите мора да јадат одвоено.

Поради исклучително строгите правила, многу продукциски куќи одлучија снимањето да го одложат до јули или почетокот на август, кога очекуваат дека ќе биде укината оваа мерка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …