Home Актуелно Македонците од Бугарија ја добија правната битка во Стразбур за формирање македонско здружение во Бугарија

Македонците од Бугарија ја добија правната битка во Стразбур за формирање македонско здружение во Бугарија

Според пресудата на меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, соседна Бугарија мора да го регистрира македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград и да му плати оштета од 7.500 евра.

Со вчера изречената пресуда се нотира дека официјална Софија го прекршила концептот за човекови права и фундаментални слободи кога во 2013 година не дозволила да се регистрира здружението бидејќи во неговиот статут пишува дека ги застапува етничките македонци во Бугарија.

„Случајот го адресира прашањето дали е потребно во демократско општество какво што е бугарското судот одбие регистрација на организација која се залага за идејата дека постои угнетено македонско малцинство во Бугарија“.

Македонското здружение пред европскиот суд го застапува адвокатот Тони Менкиновски кој вели дека сега Бугарија мора да го регистрира здружението.

Но оваа пресуда ќе има влијание и врз статусот на останатите организации на македонците во Бугарија, додава Менкиновски.

Поради политиката која го забранува постоењето на македонското малцинство во Бугарија, официјална Софија е под мониторинг на Советот на европа, и последната пресуда сигурно ќе направи дополнителен притисок врз бугарските власти во односот и кон другите етнички заедници кај источниот сосед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…