Home Актуелно Владата денес треба да донесе одлука за препораката за карантински викенд

Владата денес треба да донесе одлука за препораката за карантински викенд

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски вчера најави дека во текот на денешниот ден ќе има одлука на Владата каков полициски час ќе има викендов.

„Сметам дека тоа што ќе произлезе од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата”, рече Манчевски.

Комисијата за заразни болести за викендот предлага 58-часовен карантин

Инаку, од новозаразените 40 лица со ковид-19, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…