Home Актуелно 40 новозаразени и 1 починат од коронавирус во последните 24 часа

40 новозаразени и 1 починат од коронавирус во последните 24 часа

Според информациите од Министерството за здравство, во изминатото деноноќие се регистрирани 40 нови случаи со Ковид-19, како и еден починат пациент од Прилеп лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје од 12 мај. Министерството известува дека излекувани се 11 пациенти: во Скопје двајца, во Штип еден, во Прилеп четири, во Велес два и во Кочани два.

Во изминатите 24 часа се направени и 549 тестирања.

Од новорегистрираните 40 случаи со Ковид-19, 26 се во Скопје, по еден во Куманово, Прилеп, Велес и Битола, како и десет во Тетово.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 673, активни 169
• Куманово – 419, активни 23
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 3
• Прилеп –204, активни 55
• Тетово – 161, активни 73
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 127, активни 52
• Битола –28, активни 9
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 1
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1

Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен ф-тет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -26 и МАНУ -94. Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…