Home Актуелно Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е категорично против карантински викенд

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е категорично против карантински викенд

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ категорично се изјаснија „против“ предлогот на Комисијата за заразни болести за 58 часовен карантин за претстстојниот продолжен викенд во кој се празнуваат Рамазан Бајрам и Св. Кирил и Методиј“.

Во партиското соопштение стои дека е „нелогично да се најавува отворање на рестораните од вторник, а да се задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд“.

„ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката за целосен полициски час и за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права. Воедно со ваквите мерки, СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога. На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните“, стои во дописот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…