Home Актуелно Воз во Индија прегази работници кои спиеле на пругата – најмалку 16 загинати

Воз во Индија прегази работници кои спиеле на пругата – најмалку 16 загинати

Индиски воз прегази работници мигранти кои спиеле на пругите, при што загинале најмалку 16 лица кои наводно биле на пат кон своите села, соопшти Министерството за железниците во земјата.

Десетици илјади луѓе тргнале кон своите домови од големите индиски градови, откако ги загубија своите работни места поради карантинот.

Возачот се обидел да го запре товарниот воз кога ги здогледал работниците, изјави министерот за железница Пјуш Гојал, додавајќи дека наредил истрага.

Целиот јавен превоз е стопиран поради карантинот, така што работниците мигранти кои одеа дома честопати мораа да патуваат долго.

Владата го продолжи карантинот до 17 мај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…