Home Актуелно Кривична за прилепчанец кој на Фејсбук повикуваше на убиство за лицата во карантин заради коронавирусот

Кривична за прилепчанец кој на Фејсбук повикуваше на убиство за лицата во карантин заради коронавирусот

Прилепчанец доби кривична пријава заради повикување на насилство и ширење на ксенофобичен материјал на Фејсбук.

42-годишниот Ј.Ф. од Прилеп на 28.03.2020 во 06.51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…