Home Живот и здравје Откриен најважниот фактор кој луѓето над 65 години ги прави ранливи и ризични од коронавирусот

Откриен најважниот фактор кој луѓето над 65 години ги прави ранливи и ризични од коронавирусот

Според најобемната научна студија на Универзитетот во Њујорк, дебелината е број еден ризик за да дојде до компликации и хоспитализација поради коронавирусот кај луѓет над 65 години.

Популацијата над 65 години е окарактеризирана како ризична група за заболување од коронавирус.
Постарите и дебелите луѓе имаат најголеми шанси да бидат хоспитализирани поради компликации што ги предизвикува коронавирусот, па дури и повеќе шанси од пациентите заболени од рак или кои кои имаат проблеми со белите дробови, предупредуваат истражувачите.

Универзитетот во Њујорк набљудувал повеќе од 8.000 пациенти и открил дека луѓето постари од 65 години со индекс на телесната маса над 30, се во најголем ризик од смртен исход. Повеќе од 46% од сите пациенти кои се хоспитализирани со коронавирус имале повеќе од 65 години. Научниците истакнале дека годините се дефинитивно најголемиот фактор за ризик за хоситализација, а здравствената состојба која најчесто била поврзана со сериозноста на болеста е дебелината.

Посебно истражување утврдило дека кај пациентите помлади од 60 години двојно поверојатно е дека ќе им биде потребна болничка нега или вештачка вентилација ако се дебели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…