Home Наука и техонологија СМС и ММС пораките полека ќе одат во историјата – доаѓаат новите 5G пораки

СМС и ММС пораките полека ќе одат во историјата – доаѓаат новите 5G пораки

Трите главни кинески мобилни оператори, на онлајн прес-конференција, заеднички ја претставија новата опција – 5G пораки.

Според порталот Gizchina, 5G пораките ќе бидат надоградување на веќе постоечките СМС пораки.

За „обичните“ корисници, 5G пораките ќе значат укинување на ограничувањето во должината на пораките, како што е случај со СМС пораките.

Исто така, ќе бидат поддржани и неколку различни формати, како текст, фотографија, аудиозаписи, емотикони и контакти. Ќе бидат поддржани и онлајн и офлајн пораки.

Уште не се познати многу детали, но се очекува 5G пораките да направат целосна револуција во технолошката комуникација на луѓето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…