Променливо облачен и сив четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес, четврток, 26 март, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до седум степени. Во Маврово 1, Охрид, Битола и Крива Паланка 7, Кавадарци 9, Берово 6, Дојран 11.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи кои поради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. Преодно стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.