Home Актуелно Дополнително ограничување на движењето од 16 попладне до 5 наутро за време на викенди

Дополнително ограничување на движењето од 16 попладне до 5 наутро за време на викенди

Владата, на денешната седница, донесе одлука со која за време на викенди (сабота и недела) за сите граѓани се забранува движењето од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Одлуката на Фејсбук ја соопшти премиерот Оливер Спасовски.

-Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, објави Спасовски.

Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.

Од 22 март е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…