Home Актуелно Боки 13: „…фукарата ќе се збогати“, Русковска: „Кога рече фукара на себе мислеше?“

Боки 13: „…фукарата ќе се збогати“, Русковска: „Кога рече фукара на себе мислеше?“

На денешното ново судско рочиште за случајот „Рекет“ повторно дојде до тензично префрлање помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Русковска. Јовановски денеска од Кривичниот суд побара да му биде укинат притворот.

„Чесен суде, јас нема да го цитирам Гоце Делчев, како што некои што не се достојни го цитираа. Јас ќе завршам со една мисла од Иво Андриќ: ‘Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати’, рече Боки 13.

Обвинителката Вилма Русковска му дофрли:

„Да не мислеше на себе кога кажа фукара?!”

„Срам да ви е!” – дофрли Јовановски.

На ваквите препукувања кои беа на крајот од денешното судење судијката Васка Николовска Масевска го отстрани Боки од судењето. Ново рочиште е закажано за петок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …