Home Шоубизнис Бил ќе стане дедо: Ќерката од Гејтс се вери со своето момче Наџил Насар

Бил ќе стане дедо: Ќерката од Гејтс се вери со своето момче Наџил Насар

Ќерката на технолошкиот милијардер Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, Џенифер Гејтс, за време на овогодишните зимски празници се верила со нејзиното момче Наџил Насар со кој долги години е во врска.

Џенифер Гејтс, која дипломира на Стенфорд, ќе се мажи за 28-годишниот Најел Насар. Двојката ја споделува заедничката љубов кон коњичките спортови , а Џенифер планира целосно да се посвети по дипломирањето на трките со коњи на највисоко ниво.

И Џенифер Гејтс и Насар, кои се натпреваруваат во коњички спортови во Египет, родната земја на неговите родители, ја споделија среќната вест на Инстаграм. „Најџел Насар, ти си единствен“, ја започна својата емотивна најава со фотографија од среќниот момент. „Апсолутно ме нокаутира минатиот викенд изненадувајќи ме на одлична локација за една од многуте споделени страсти … милион пати да,“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates) on

„Сега се чувствувам како најсреќниот човек на светот“, напиша Насар. „Џен, ти си сè што секогаш сум замислувал…и многу повеќе од тоа.”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nayel Nassar (@nayelnassar) on

Бил и Мелинда, кои на 1 јануари оваа година прославија 26-годишнина од нивната свадба, имаат уште две деца – 20-годишниот син Рори и 17- годишната ќерка Фиби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …