Home Вебкафе Историска прва снимка од процесот на спојување и раздвојување на атоми

Историска прва снимка од процесот на спојување и раздвојување на атоми

Тим од германски и британски научници успеаја да направат историски потфат и за прв пат да го снимат процесот на спојувања и раздвојувања на атоми, кој се одвива во размер што е 500.000 пати помал од дијаметарот на човечко влакно.

Користејќи ги „напредните методи на микроскопија“, физичарите и хемичарите од универзитетот „Улм“ во Германија и универзитетот Нотингем во Велика Британија беа во можност да го снимат врзувањето, а потоа и раздвојувањето на два атоми со големина помеѓу 0,1 и 0,3 нанометри, пренесува Скај њуз.

За да го постигнат ова, тие користеле микроскоп за електронски трансмисија (ТЕМ) за да набљудуваат многу тенок примерок преку тенок зрак на високо-енергетски електрони. Јаглеродните наноцевки, тенки шупливи јаглеродни цевки, биле користени за да се фатат атомите и молекулите и да се позиционираат таму каде што е потребно.

„Заробивме неколку атоми на рениум (Re) кои се здружија за да се формира Re2. Бидејќи раниумот има голем атомски број, полесно е да го видиме со ТЕМ отколку полесните елементи, така што би можеле да го идентификуваме секој атом на тој метал како темна точка”, рече хемичарот Андреј Хлобистов од Универзитетот во Нотингем.

Рениумот е инаку еден од најретките елементи во природата. Тој е со сребрено бела боја, сјаен и многу тврд метал со голема густина и голема точка на топење. Неговиот атомски број е 75.

Во видеото, може да се види како двата атоми на рениумот се спојуваат едни со други, а потоа се движат и вибрираат, пред да се разделат и да се скршат.

„Колку што знаеме, ова е прв пат да се забележи развој, формирање и раздвојување на атомска врска. Веруваме дека некогаш во иднината, електронската микроскопија би можела да стане вообичаено прифатена метода за проучување на хемиските реакции”, рече Хлобистов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто жените по 45-та година го живеат најубавиот период од животот

Заборави ги митовите, предрасудите и застарените правила Идејата дека животот оди надолу п…