Home Актуелно Сончев четврток

Сончев четврток

И денес во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 0, а дневната од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во Маврово дневната температура ќе достигне до 6 степени, Охрид 8, Битола, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 9, Дојран 11 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од северен правец,, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Дневните температури ќе се движат од 5 до 11 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…