Home Спорт Мурињо брка бонус од 2 милиони фунти

Мурињо брка бонус од 2 милиони фунти

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ќе добие бонус од 2 милиони фунти ако успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, оваа задача не изгледа лесна, бидејќи во моментов лондонскиот тим заостанува девет бода од четвртото место во Премиер лигата. Ситуацијата дополнително се искомпликува по повредата на голема sвезда и прв стрелец на тимот, Хари Кејн.

Сепак, Мурињо веќе започна да го засилува својот тим и го донесе Жедсон Фернандеш од Бенфика. „Специјалниот“ го сака и Криштоф Пјатек, кој треба да го замени Кејн во нападот.

Покрај првенството, Мурињо има уште една шанса да го квалификува тимот во најпрестижната клупска трка, но да го стори тоа, задачата ќе биде уште потешка, бидејќи Тотенхем треба да ја освои Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…