Home Живот и здравје Консумирајте го почесто овој витамин – помага во борбата против загадувањето

Консумирајте го почесто овој витамин – помага во борбата против загадувањето

Зимскиот период е сезона на загаден воздух со кој се соочува поголем дел од Балканот, особено поголемите градови, каде има висока концентрација на ПМ 2,5 и ПМ 10 честичкиПовеќе градови на Балканот се соочуваат со алармантно високи концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички. Ова големо загадување на воздухот е исклучително штетно за човековото здравје.

Штетните влијанија на загадениот воздух се големи и предизвикуваат низа респираторни заболувања, загадување на крвта, таложење на ПМ2.5 честички во белодробните алвеоли и уште многу други. Затоа е и сосема очекувано прашањето дали постои некој витамин, суплемент или храна која може да го намали ова штетно дејство?

Повеќе клинички истражувања од последните неколку години покажале дека витамините од групата Б делумно ги ублажуваат негативните ефекти од загадениот воздух, особено суплементите кои содржат фолна киселина и витамини Б6 и Б12.

Благодарение на ова сознание, истражувањето продолжува во таа насока, за да може да се донесе заклучок колкава количина е потребна и колку често треба да се внесува витамин Б како додаток во исхрана.

Но, важно е да се напомене дека внесот на витамини и минерали не е решение за овој глобален проблем, кој е секојдневна закана за човештвото. Резултатите од истражувањето може само малку да помогнат во индивидуалната борба против штетните ефекти на загадувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Подобар од вода: пијалак број 1 за хидратација на жештини

ПОПОДОБРО ОД ВОДА: НАЈДОБРИОТ НАПИТОК ЗА ХИДРАТАЦИЈА ВО ЖЕШТИНА Водата е неопходна за наше…