Home Вебкафе Во скопската зоолошка градина донесен првиот бел лав

Во скопската зоолошка градина донесен првиот бел лав

За прв пат во Македонија, граѓаните имаат можност да видат бели лавови, од кои еден примерок е веќе донесен во скопската зоолошка градина.

Директорот на зоолошката, Ѓорѓи Галетановски соопшти дека вчера пристигнала женката лавица Бела од Германија, а следната недела се очекува да стигне мажјакот Чака од Франција.

Белите лавови се редок вид и се доста атрактивни за посетителите, а за нив е направено живеалиште според светски стандарди.

Директорот најавува дека во план е да се донесат и бели тигри и други бели видови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…