Home Наука и техонологија За четири години во светот ќе има над една милијарда 5G врски

За четири години во светот ќе има над една милијарда 5G врски

Во следните четири години бројот на 5G врски во светски рамки ќе надмине една милијарда. Оваа прогноза се базира врз основа на клучни фактори за раст на новите мрежи – големиот обем на генерирани и потрошени податоци, Интернет на нештата (IoT) и апликациите во реално време.

Според новата прогноза за ИДЦ, бројот на 5G врски оваа година се проценува на околу 10,0 милиони и ќе достигне 1,01 милијарди во 2023 година. Овие бројки соодветствуваат на просечна годишна стапка на раст од 217,2%.

Аналитичарите забележуваат дека воведувањето на 5G во текот на следните неколку години ќе биде поткрепено со зголемениот обем на генерирани и потрошени податоци. Овој фактор ќе се манифестира и во корпоративниот и во сегментот на потрошувачи.

Миграцијата кон 5G на корисници, кои интензивно користат податоци ќе им овозможи на операторите да управуваат со мрежни ресурси поефикасно, покажува анализата на ИДЦ.

Втор клучен фактор за раст на мрежите од петта генерација е зголемувањето на бројот на IoT уредите. Покрај тоа, предноста на 5G во однос на ниската латентност ќе игра важна улога, што ќе даде поттик на апликациите на кои им е потребен одговор во реално време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…