Фејсбук доминира во светот на апликациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните десет години Фејсбук дефинитивно се наметна како убедлив лидер на пазарот за мобилни апликации, поседувајќи четири од вкупно десетте најпопуларни апликации, велат анализите на компанијата „App Annie“.

На топ 10 листата на најпопуларни мобилни апликации, достапни за оперативните системи Андроид и iOS, на првите четири места се најдоа Фејсбук, Фејсбук месинџер, Ватсап и Инстаграм. На сите овие сервиси сопственик е токму Фејсбук.

На петто место се најде Снепчет, Скајп е на шесто место, видео-мрежата ТикТок е на седмо место, Ју-си Браузер (UC Browser, пребарувач наменет за уреди со просечни или слаби перформанси) на осмо, Јутјуб на деветто место, а десетката ја заокружува Твитер.

Со ова се докажува дека Фејсбук е апсолутен лидер на овој пазар во последнава деценија. Самата апликација Фејсбук веќе е дел од секојдневната рутина на голем број луѓе, кои не ја напуштија платформата ни по скандалите во врска со приватноста на личните податоци или пак, лажните вести.