Поради дојава за бомба евакуирано Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Учениците и професорскиот кадар од Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје повеќе од еден час беа евакуирани.

Ученците стоеја пред училишниот објект, а како што велат Радио МОФ, единствено им било дозволено да си ги земат своите ранци и јакни, но не добиле информации зошто е направена евауацијата. По час и половина надвор, наставата продолжи во училниците.

Од МВР засега не сакаат да ја коментираат евакуацијата во училиштето, но велат дека во овој рeон полиција работи на испитување на дојава за рачна бомба, поставена на паркингот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

„Во 8:36 во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на паркинг просторот, имало направа што наликува на рачна бомба, оставена до автомобил. Полициски службеници се излезени на местото на настанот и работат на расчистување на случајот“, изјавиле од МВР за Радио МОФ.