Bosch најави 3D дигитална контролна табла во новите автомобили


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Bosch доаѓа најава за револуционерна иновација со воведување на дигитална 3D контролна табла во новите генерации на автомобили.

Ова е еден вид 3D дисплеј интегриран во класичниот дигитален „кокпит“ на автомобил. Bosch ја нарече новата технологија „интерфејс меѓу човекот и машината“ и во моментов не сака да излезе во јавноста со специфични информации поврзани со технолошката позадина. Досега, Bosch го потенцира безбедносниот аспект на нивниот систем и фактот дека не се потребни 3D очила.

„Длабокото прикажување на екранот му овозможува на возачот побрзо да види важни информации, без разлика дали станува збор за систем за асистенција или предупредување за застој во сообраќајот“, изјави Штефен Бернс, претседател на Bosch Car Multimedia, нагласувајќи: „Предупредувањата кои буквално се појавуваат надвор од екранот се позабележителни“.

Од Bosch истакнуваат дека оваа технологија ќе биде клучна во воведувањето на автономни возила во јавниот превоз. Системот поддржува следење преку Интернет, како и контрола на глас или допир.