Home Актуелно Газдата на „Дурмотурс“ префрлен во домашен притвор

Газдата на „Дурмотурс“ префрлен во домашен притвор

Сопственикот на автопревозникот „Дурмотурс“, Дурмиш Белуши, кој е првообвинет за автобуската несреќа која се случи кај село Ласкарци, а во која загинаа 16 луѓе, е пуштен во домашен притвор. Белули е пуштен со гаранција. На почетокот на денешно судење, судијката го соопшти тоа и рече дека тој ќе се брани од слобода.

На Белули му е одземен пасошот, треба да се јавува во суд, не треба да контактира со оштетените и да не се занимава со транспорт.

Уште еден од обвинетите е пуштен во домашен притвор, станува збор четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, кој работел во станицата за технички преглед.

Во автобуската несреќа која се случи на 13 февруари загинаа 16 луѓе. Обвинети за овој случај се шест луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…