Home Актуелно Сингапурска компанија ја купи винаријата „Сковин“ за 3,5 милиони евра

Сингапурска компанија ја купи винаријата „Сковин“ за 3,5 милиони евра

Скопската винарија Сковин, сопственички поседувана од шпедицијата „Фершпед“, каде мнозински сопственик е семејството на Штерјо Наков, е продадена заедно со залихите, имотот и брендовите за цена од околу 3,5 милиони евра. Нов сопственик на винаријата и нејзините брендови е сингапурската компанија SIAK PTE LTD, објави Македонска берза, пренесува Фокус.

Според одлуката за склучената зделка, недвижниот имот (деловни и помошни простории и градежно земјиште), подвижниот имот (инвертар, возила и механизација) и залихите (шишиња и етикети согласно спецификација од 16 август годинава) се продадени за околу 3 и пол милиони евра на скопската фирма „Винарија Сковин Група“.

Што се однесува до трговските марки, односно до 20-те брендови на вино и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“ („Сан сити“, „Класик“, Фајнест селекшн“, „Барик“, „Премиум“, „Бег ин бокс“, „Бејзик лајн“, „Магнум лајн“, „Марков манастир“, „Жолта“), стои во известувањето, ќе му бидат пренесени на SIAK PTE LTD од Сингапур, за околу 5.000 евра.

Инаку, продавачот Сковин и неговиот најголем акционер Фершпед му даваат право на купувачот да заснова заложно право врз продадениот имот за издавање банкарска гаранција во корист на Сковин која ќе биде на износ од скоро 2 милиони евра како обезбедување на плаќањата од купувачот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…