Home Вебкафе Натпис во маркет во Хамбург повторно ја обедини Југославија

Натпис во маркет во Хамбург повторно ја обедини Југославија

Над рафтовите од една продавница во Хамбург осамна натпис Ex Jugoslawien, а под истиот, на рафтовите, се сместени производи кои животот на нашите простори го прават посладок и поубав.

Бројни се коментарите под фотографијата која се споделува на социјалните мрежи за тоа дека преку граница не се прашува (точно) од каде си, сè додека си го разбирате јазикот еден со друг.

„Кога таму ќе кажеш наши, не се мисли на овие или оние, христијанство или ислам, на некоја посебна националност, туку на сите нас“, коментираат под југоносталгичната фотографија голем број корисници на социјалните мрежи.

На натписот се наоѓаат знамињата на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Вака, очигледно, полесно е да се најдат балканските производи како ракија, ајвар, кајмак и слично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…