Home Актуелно Повеќе од 80 проценти од домаќинствата во Македонија имаат пристап до интернет

Повеќе од 80 проценти од домаќинствата во Македонија имаат пристап до интернет

Над 80 отсто од македонските домаќинства имале пристап до интернет во првото тримесечје од годинава, покажуваат најновите статистички податоци.

Според денеска објавените податоци од Државниот завод за статистика, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години интернет користеле 81,4 проценти. Повеќе интернет користеле мажите отколку жените.

Висок е процентот и на оние кои интернет користеле секој ден или речиси секој ден, односно 72,9 проценти, додека помалку од еднаш неделно користат интернет само 0,9 проценти.

Социјалните мрежи ги користеле 68,4 проценти, а од нив повторно поголем е процентот на мажи кои ги користеле овие мрежи, отколку жени.

Речиси 36 проценти порачале стоки или услуги преку интернет во последните 12 години, а од нив 35,8 проценти купиле облека или спортска опрема.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…