Home Спорт „Бомба“: Реал преговара со Мурињо, познато кога ќе седне на кормилото!?

„Бомба“: Реал преговара со Мурињо, познато кога ќе седне на кормилото!?

Шпанските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан се соочува со отказ после поразот од Мајорка и бледата игра на „кралевите“ од почетокот на сезоната.

Столчето на Зидан е сериозно разнишаноа „Ел Чирингито“ пренесува дека во Реал Мадрид веќе стапил во контакт со Жозе Мурињо.

Наводно, Португалецот утринава имал телефонски разговор со претседателот Флорентино Перез, па доколку Зидан добие отказ, Мурињо ќе биде прв кандидат за негов наследник.

Доколку Зидан не успее да го победи Галатасарај на гостувањето во Истанбул во ЛШ, веднаш ќе биде заменет и на негово место ќе биде промивиран Жозе Мурињо.

Мурињо ги предводеше „кралевите“ во периодот од 2010 до 2013 година и освои една титула во Примера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…