Home Спорт Неверојатна сцена во Мексико: Едниот тим стоеше, другиот даваше голови (видео)

Неверојатна сцена во Мексико: Едниот тим стоеше, другиот даваше голови (видео)

Фудбалерите на мексиканскиот клуб Веракруз не земале плата неколку месеци и одлучија да штрајкуваат неколку минути со тоа што ќе стојат на теренот, а тоа скапо ги чинеше, бидејќи противникот во тие минути без проблем им даде три гола.

Публиката зачудено гледаше што се случува на теренот. Во првата минута не сакаа да играат ниту гостите, екипата на Тигрес, па и тие стоеја. Но, подоцна почнаа да играат и дадоа три гола.

Домаќините беа разочарани од односот на ривалот. Во Веракруз не очекувале дека Тигрес ќе им дава голови додека тие стоеја.

Во финишот, Веракруз даде почесен гол преку некогашниот премиерлигашки играч и екс турски репрезентативец Казим Ричардс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…