Home Вебкафе Торта со злато од 1.000 евра за парче

Торта со злато од 1.000 евра за парче

Иако некому ќе му звучи луда идејата да се јаде злато, за многу богатите луѓе со перверзно префинет вкус и навики тоа е пракса која своите корени ги влече уште од древен Египет.

Инспирирани од овој нов светски тренд, компанија од Анкара, главниот град на Турција, инаку позната по своите сладолед торти, ја изработи најскапата торта во земјата, објави „Сабах“.

Специјалниот десерт беше претставен на изложба во Истанбул. На тортата работеле 14 слаткари, 21 ден, а употребено било козјо млеко, чоколадо, крем и 340 грама злато за јадење.

„Оваа златна торта е прва од ваков вид во Турција. Направена е од 340 грама 14-каратно злато за јадење“, изјави Јашар Каплан претставник на компанијата.

Според него, тимот што ја изработи тортата, работеше со најмали и најпрецизни инструменти, за да се добие ова своевидно ремек-дело.

Тортата вреди вкупно 56.000 турски лири (8.615 евра). А, парче од неа пак, ќе ве чини околу 1.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …