Home Спорт Заврши ИТТФ турнирот во пинг понг Скопје 2019: Доделени медалите за најдобрите!

Заврши ИТТФ турнирот во пинг понг Скопје 2019: Доделени медалите за најдобрите!

Со завршната свеченост за доделување на медалите на најуспешните натпреварувачи во поединечна конкуренција и во конкуренција во двојки заврши најголемото натпреварување во пинг понгот досега организирано во државата.

Одличјата на најдобрите им ги додели претседателот на пинг понгарската федерација Горан Тиловски.

Колку беше значаен овој турнир сами по себе говорат посетите на претседателите на меѓународната пинг понгарска федерација и европската пинг понгарска федерација.

Во изминатите 5 дена од 8 до 12 Октомври, во ВИП Арената во СЦ Борис Трајковски имавме можност да видиме се што умеаат младите играчи. Квалитетот на прикажаниот пинг понг беше на високо ниво.

На состанокот кој балканските држави го одржаа за време на турнирот беше формирана балканската лига за кадети и јуниори. Првите натпревари во оваа лига ќе се одржат во Ноември во Приштин, Косово.

Освојувачи на медали по категории:

Јуниори, поединечно
1. Истрате Андреј Теодор – Романија
2. Фернандез Карлос – Перу
3. Бан Ивор – Хрватска, Делинчак Филип – Словачка

Јуниорки, поединечно
1. Томињак Радмила – Србија
2. Безег Река – Србија
3. Сингеорзан Јоана – Романија, Унгвари Евелин – Романија

Кадети, поединечно
1. Жилаги Пол – Романија
2. Истрате Андреј Теодор – Романија
3. Фросет Мартин – Норвешка, Фернандез Карлос – Перу

Кадетки, поединечно
1. Меи Росу Бјанка – Романија
2. Ван Хауарт Џули – Белгија
3. Унгвари Евелин – Романија, Фотиадоу Криси – Грција

Во јуниорска конкуренција во двојки кај јуниорите најуспешни беа Хрватите, додека кај јуниорките двојката од Србија го освои златото. Кај кадетите и кадетките злато освоија двојките од Романија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…