Home Спорт Меси синоќа направи преседан: Го побара дресот од противникот!

Меси синоќа направи преседан: Го побара дресот од противникот!

Барселона синоќа со високи 4:0 ја победи Севиља,а Меси го одигра целиот натпревар и со фантастичен гол стави точка на натпреварот.

Меси во центарот на вниманието се најде после натпреварот кога неколку играчи на Севиља му го побараа дресот. Но, тој мораше да ги одбие и му пријде на колегата од репрезентацијата, Евер Банега со кој си ги размени дресовите.

Шпанските медиуми утринава објавија дака Меси наводно изјавил дека никогаш прв нема побарано дрес од своите противнички играчи и дека само тие бараат од него. Но, синоќа Аргентинецот го прекрши тоа правило.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека такви потези Меси дозволува само кога некој колега од репрезентацијата игра на противничката страна, и тогаш може да се случи тој да побара дрес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…