Home Вебкафе Пронајден дијамант стар 800 милиони години (видео)

Пронајден дијамант стар 800 милиони години (видео)

Единствениот дијамант со скапоцен камен во него е пронајден во Сибир. Дијамантот е наречен „Матрјошка“, а се верува дека е стар 800 милиони години и дека е непроценлив и единствен во светот.

Поголемиот дијамант е со димензии 4,8 x 4,9 x 2,8 милиметри. Во него е сместен помал дијамант со димензии 1,9 x 2,1 x 0,6 милиметри.

Олег Ковалчук, од руската компанија „Алроса“, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е уникатна креација на природата и дека ваков дијамант досега не е пронајден.

„Алроса“ планира да го испрати дијамантот во Геолошкиот институт во Америка на понатамошни истражувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …