Home Вебкафе Еве како изгледа денес контролната соба од фамозната нуклеарна централа Чернобил

Еве како изгледа денес контролната соба од фамозната нуклеарна централа Чернобил

15 новинари деновиве влегоа во остатоците од нуклеарната електрана Чернобил, снимајќи ја внатрешноста на контролната соба на реакторот.

Новинарите влегле во четвртата контролна соба , прекриена со леплива материја , за да не се насобира прашина. Урнатините и натаму емитуваат 40.000 пати поголемо зрачење од природната средина. И туристи, доколку сакаат да ризикуваат, може да побараат дозволаз а посета на оваа контролна соба, пишуваат украинските медиуми.

Како што е познато, на 26 април 1986 година, се случи експлозија во нуклеарниот реактор во Чернобил. Советските власти неколку дена се обидоа да го прикријат и намалат обемот на несреќата, но брзо стана јасно дека ова е најголемата катастрофа во нуклеарната централа во историјата.

Неколку дена по несреќата, градот Припјат беше евакуиран. Тоа беше град се во близина на електраната Чернобил, со население од 50.000. Но, целата област до денес остана позната како Чернобил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…