Home Спорт Македонскиот фудбалер Ејупи приведен во Хрватска поради тепачка!

Македонскиот фудбалер Ејупи приведен во Хрватска поради тепачка!

Македонскиот фудбалски интернационалец Музафер Ејупи, е приведен во полиција, откако учествувал во тепачка во центарот на Копривница, пренесуваат хрватските медиуми.

Македонскиот напаѓач и еден негов пријател завршиле во притвор, бидејќи се првоосомничени за крвавата тепачка која избила на една од најпознатите улици во центарот на Копривница.

Како што јавуваат хрватските медиуми, Ејупи и неговиот пријател претепале 53-годишен човек вчеравечер околу 19:40 часот на улицата „Немчичева“, а причина за бизарната расправија и тепачка било паркинг место.

„На 25-ти септември во 19:40 часот на улицата „Антун Немчиќ“ во Копривница, дошло до физичка пресметка меѓу три лица на возраст од 52, 32 и 31 година. 53-годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, а другите двајца со лесни повреди. Две лица се приведени и се истражува случајот“, стои во полцискиот извештај.

Ејупи оваа сабота требаше да игра против својот поранешен тим Осијек на мечот кој е закажан во Копривница, но по се изгледа, тој нема да може да настапи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…