Home Актуелно Почина бившиот претседател на Франција, Жак Ширак

Почина бившиот претседател на Франција, Жак Ширак

На 87-годишна возраст почина бившиот претседател на Франција, Жак Ширак.

Ширак беше роден на 29 ноември 1932 година во Париз.

Беше претседател на Франција во два мандата – од 17 мај 1995 до 16 мај 2002 година и вториот пат, од 17 мај 2002 до 17 мај 2007 година. Претходно беше градоначалник на Париз и премиер.

На 15 декември 2011 година, Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси додека бил градоначалник на Париз.

Би-Би-Си наведува дека последните години на неговото владеење биле обележани со скандали со корупција. Една од најважните политички реформи што тој ги спроведе е намалување на мандатот на францускиот претседател од седум на пет години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…