Ова е највисоката станбена зграда на светот – погледнете какви чуда има внатре!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Облакодерот Central Park Tower во Њујорк неделава официјално стана највисока станбена зграда на светот, откако достигна конечна висина од 470 метри.

Облакодерот на 57-та улица на Менхетн, таканаречена Улица на милијардерите, по завршувањето на изградбата ќе има 131 кат, на кои ќе има 179 ултралуксузни апартмани.

Апартманите се на продажба од минатата есен по почетна цена од 6,9 милиони долари, додека моментално најскапата расположлива станбена единица е петособен стан на 112-тиот кат по цена од „само“ 63 милиони долари.

„Тоа е сега највисоката станбена зграда на светот”, вели Гари Барнет, директор на градежната компанија Екстел, која заедно со компанијата Шангај Инвестмент работеше на овој проект.

Првите седум ката ќе ги заземе стоковна куќа Нордсторм, а во зградата ќе има и шест ресторани, приватен клуб за сопствениците, спа и фитнес зона.


За потребите на зградата конструиран е и многу брз лифт кој може да мине 100 метри за само 10 секунди.