Home Спорт „Болни умови“ пишувале морбидни пораки со најцрни пожелби за Михајловиќ

„Болни умови“ пишувале морбидни пораки со најцрни пожелби за Михајловиќ

Бившиот српски фудбалски ас и актуелен тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ веќе неколку месеци добива поддршка додека храбро ја води борбата против леукемијата.

Голем дел од регионот, како и од Италија испраќа пораки на поддршка, но има и такви кои поради причини кои им се само на нив познати оставаат пораки од кои треба да се засрамат.

Српски „Информер.рс“ објави дека на Фејсбук страна со 45.000 следбеници биле оставани скандалозни пораки.

„Ќе дојде ли Михајлови на натпреварот против Рома или ќе оди повторно на зрачење? Зошто Болоња – СПАЛ играат во петок, да не се плашат дека Синиша нема да остане жив до недела или можеби мора на хемотерапија? Михајловиќ е во групата тренери кои нема да преживат до крајот на првенството. Гол на Рамзи, RIP Синиша“, гласеле пораките кои предизвикаа голем револт во јавност.

Поради таквите коментари страницата била пријавена, па после проверката реагирал и Фејсбук па истата бил избришана.

Правниот тим на Болоња не сака да се заврши на тоа. Случајот е пријавен во полиција за одговорните да бидат пронајдени и соодветно казнети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…