Манчестер Јунајтед го сака „новиот Пирло“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скаутите на Манчестер Јунајтед веќе подолго време го спедат младиот плејмејкер на Бреша, Сандро Тонали кого на Апенините го нарекуваат уште и „новиот Пирло“.

Станува збор за еден од најперспективните играчи на Апенините и млад италијански репрезентативец, кого го нарекуваат „новиот Пирло“, по играта но и според изгледот.

19-годишниот Тонали блесна минатата сезона во Серија Б, а оваа сезона за прв пат игра во италијанската елита.

Веќе го привлече вниманието на најголемите италијански клубови, но и на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го донесат на крајот на сезоната бидејќи сметаат дека може во иднина да биде ностиел на играта.

Сепак, конкуренцијата е огромна бидејќи за него интерес покажуваат Милан, Рома и особено Јувентус. Имено, „бјанконерите“ се спремни да го откупат неговиот договор уште во јануари да го остават на позајмица во Бреша.

Моменталната вредност на Тонали изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.