Home Актуелно Кавадарчанец стана светски вицепрвак

Кавадарчанец стана светски вицепрвак

Кавадарчанецот Дарко Трајков освои сребро на светски натпревар во брзо примање и предавање на морзеови знаци, што се одржа во Албена, Бугарија, јавува ТВ Сител.

Во изјава за МИА, претседателот на кавадаречкиот радио клуб „Искра“, Миле Трајков рече дека ова е уште еден доказ дека Кавадарци е расадник на таленти од разни области, па и за познавање на морзеовата азбука.

-Станува збор за натпреварување во брза телеграфија, во светот популарно наречено HST(high speed telegraphy). Дарко си ги одмери силите во најтешката, сениорска конкуренција, во дисциплината RUFZ(прием на радио аматерски знаци), појасни претседателот.

Притоа нагласи дека, според нивните сознанија, во историјата на нашата држава, ова е највисокиот резултат постигнат од македонски натпреварувач на светско првенство од оваа област.

Дарко Трајков е вработен во македонската армија.

-Уште еден армиски припадник потврдува дека покрај професионалното извршување на обврските во единицата, можат да се постигнуваат и врвни резултати надвор од службата. Овојпат припадникот на баталјонот на Воена полиција, поручник Дарко Трајков, на шестнаесетото по ред светско првенство во радио телеграфија, во најтешката и најбројната сениорска конкуренција во дисциплината “Rufz XP“, го освои високото второ место, стои во интернет постот на Армијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…