Home Спорт Јувентус не се откажува од Иско

Јувентус не се откажува од Иско

Раководството на Јувентус не се откажува од идејата во своите редови да ја донесе ѕвездата на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат италијанските медиуми.

Инетресот на „старата дама“ за шпанскиот плејмејкер е познат од поодамна, но до сега „кралевите“ одолеваа на „нападите“ од италијанскиот шампион.

Новиот тренер, Маурицио Сари смета дека Иско би бил идеален за неговиот стил на игра бидејќи може да игра позади двајца напаѓачи.

Следното лето Шпнанецот ќе биде главна трансфер цел на „бјанконерите“, кои веќе почнале да работат на трансферот и ги направиле првите контакти со неговите агенти.

Иско има договор со Реал Мадрид до 2021 година, па следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

Неговата пазарна вредност во моментов изнесува 75 милиони евра, сума која Јувентус е спремен да ја плати.

И легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло неодамна изјави дека „Јувентус има потреба од играч како Иско“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…